Фото: EPA-EFE/RODRIGO ANTUNES

ФОТО | Необична сцена во ЛШ: Навивач му нудеше 50 евра на судијата за да досуди пенал за Бенфика

Фудбалерите на Бенфика и Монако во вчерашниот плеј-оф натпревар од Лигата на шампионите одиграа без победник 3:3, а со тој резултат португалскиот состав обезбеди пласман во осминафиналето.

Во оваа средба видовме и една интересна ситуација при пеналот за Бенфика во второто полувремо.

Имено, главниот судија Глем Ниберг беше повикан од ВАР собата да ја провери ситуацијата во шеснаесетникот, а во тој момент од трибините се појави фан кој на Ниберг му нудеше 50 евра во замена за пенал.

Секако, судијата остана без реакција, но беше задоволен веројатно и навивачот бидејќи Бенфика доби пенал кој го реализираше Павалидис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот