Фото: GaryRobertsphotography / Alamy / Profimedia

ФОТО | Нели Фуртадо им одговори на оние кои ѝ го критикуваат изгледот: Пејачката излезе на сцена со моќна маица!

Канадската пејачка Нели Фуртадо, една од најголемите музички ѕвезди од почетокот на 2000-тите, уште еднаш покажа дека не дозволува критиките за нејзиниот изглед да ја поколебаат. На својот настап на фестивалот „Манчестер прајд“ таа испрати силна порака на оние што ја коментираат нејзината фигура.

Фуртадо на сцената се појави во бела маица на која беше насликано „совршено тело“ – со краток топ и мини сукња, а на ременот стоеше натписот „Whoa Nelly“. На задната страна беше насликана истата силуета со тетоважа „Better Than Ever“ (во превод: подобра од кога било), што е и наслов на нејзиниот хит од 2024 година.

Фото: GaryRobertsphotography / Alamy / Profimedia

Со оваа иронична мода пејачката им порача на сите дека самодовербата и прифаќањето на сопственото тело се поважни од идеалите за убавина што ги наметнува јавноста. Настапот траеше само пет минути, но доволно долго за да ја доведе публиката до транс.

Фото: GaryRobertsphotography / Alamy / Profimedia

Последниве месеци Фуртадо постојано добива пофалби поради својот „освежувачки став“ кон телесната позитивност.

„Оваа година станав свесна за естетскиот притисок на мојата професија на еден сосема нов начин, но истовремено доживеав ново ниво на љубов кон себе и вистинска внатрешна сигурност“, изјави таа неодамна.

Со повеќе од 45 милиони продадени плочи ширум светот, Фуртадо важи за една од најуспешните канадски пејачки на сите времиња. Таа е и мајка на три деца, но нејзиниот личен живот го чува далеку од очите на јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот