Двојник на Педро Паскал - Фото: Billy Tompkins / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Не, ова не е Педро Паскал: Во ресторан во Њујорк се одржа натпревар за најдобар двојник на познатиот актер

Мексикански ресторан во Њујорк организираше натпревар за најдобар двојник на Педро Паскал.

Всушност, улицата Орчард на Долниот Ист Сајд на Менхетен беше целосно блокирана кога толпа луѓе се собраа за да присуствуваат на натпреварот за најдобар двојник на Педро Паскал. Овој настан беше организиран во чест на првата годишнина од мексиканскиот ресторан Сон Дел Норт.

Двојник на Педро Паскал – Фото: Billy Tompkins / Zuma Press / Profimedia
Двојник на Педро Паскал – Фото: Billy Tompkins / Zuma Press / Profimedia

По успехот на претходните натпревари за двојници, како што беше натпреварот за двојници на Тимоти Шаламет во октомври 2024 година, готвачката и основачка на ресторанот „Сон Дел Норт“, Аниша Гарсија, рече дека следната идеја е да се направи натпревар за двојници на Паскал.

„Направивме едноставна визуелизација во Канва (Canva), објавена кога се одржуваше натпреварот и тоа беше тоа“, изјави Гарсија за „Индепендент“ (The Independent).

Сопствениците на рестораните објавија дека победникот ќе добие парична награда од 50 долари и бесплатни буритоси за една година. Второпласираните добија ваучери, додека десет финалисти освоија бесплатни буритоси со грав и сирење.

Гарсија призна дека таа и нејзиниот персонал биле разочарани од лошото време во градот, додавајќи дека не се сигурни дали тоа ќе ги одврати потенцијалните натпреварувачи.

„Бевме тажни затоа што врнеше дожд и мислевме дека можеби никој нема да дојде, а потоа почнаа да се појавуваат многу луѓе“, рече таа.

Победник на натпреварот беше натпреварувачот Џорџ Гунтас. Тој призна дека се пријавил на натпреварот од каприц бидејќи многу од неговите колеги му рекле дека личи на Паскал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот