Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

ФОТО | Навивачите на Атлетик Билбао не попуштаат: По третпат го уништија муралот на Нико Вилијамс

Нико Вилијамс, еден од најдобрите фудбалери на шпанската репрезентација во овој момент во изминатиот период е во центарот на вниманието поради неговиот потенцијален трансфер во Барселона.

Фановите на баскискиот клуб не можат да се помират со тоа дека нивниот најдобар фудбалер сака трансфер во Барселона, па така го уништија муралот со неговиот лик и тоа трипати. Првиот вандалски напад се случи на 27 јуни, по што градските власти веднаш реагираа и го обновија.

Но, обидот да се зачува ликот на Нико на ѕидовите на Билбао траеше кратко, само 15 часа подоцна, муралот повторно беше оштетен. По силните реакции на јавноста, властите уште еднаш интервенираа и го вратија муралот во првобитна состојба, но и тогаш не издржа долго.

Атлетик Билбао во конфликт со Барселона поради Нико Вилијамс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот