Сперматозид / Фото: Jesper Klausen / Panthermedia / Profimedia

ФОТО | Научници: Вештачката интелигенција лекува машка неплодност, лов на здрави сперматозоиди 

Научниците од Брисел развија метод со вештачка интелигенција за лекување на стерилитет кај мажите. 

Универзитетската болница во Брисел разви иновативен метод кој би можел значително да ја унапреди ефикасноста на третманот на неплодноста кај мажите, користејќи вештачка интелигенција за побрзо и попрецизно откривање на сперматозоиди кај пациенти со намалена плодност, пишува „Белга њуз ејџенси“ (Belga News Agency).

Технологијата под назив „T’easy“ е резултат на соработка помеѓу истражувачите од центарот за репродуктивна медицина „Браселс ИВФ“ (Brussels IVF) и компанијата „Робовижн хелткер“, а како што наведуваат во болницата, оваа алатка би можела да претставува важен чекор напред во областа на асистирана репродукција, пишува Фламанската радио-телевизија (ВРТ).

„Во случаи кога сперматозоидите не се наоѓаат во ејакулатот, се пристапува кон постапката на тестикуларна екстракција на семената течност (ТЕСЕ), што вклучува земање примерок од тестикуларно ткиво од кое се обидуваат да се издвојат сперматозоиди. Доколку се пронајдат, тие се користат за ИЦСИ методот на ин витро оплодување, во кој поединечен сперматозоид се вбризгува директно во јајце-клетката“, наведоа научниците.

Оваа процедура, која се користи од 1995 година, им дава надеж на мажите со намалена плодност да добијат биолошки деца, но нејзините резултати варираат, делумно поради предизвиците во идентификувањето на сперматозоидите во примероците од ткивото.

„’T’easy’ ни овозможува попрецизно и побрзо да детектираме сперматозоиди, со што на потенцијалните родители им обезбедуваме побрзи информации за шансите за успех на терапијата. Исто така, значајно се намалува ризикот од пропуштање на корисните сперматозоиди“, објави „УЗ Брисел“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот