
ФОТО: На социјалните мрежи се појавија нови фотографии од принцезата Латифа од Дубаи
Фотографиите кои деновиве се појавија на социјалните мрежи ја разбрануваа светската јавност. Имено, се чини дека на фотографиите се гледа принцезата Латифа, ќерката на шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, која во 2018 година безуспешно успеа да побегне од заливскиот град-држава.
Препорачано
Кон средината на февруари, „Би-Би-Си“ објави тајно видео сведоштво од неа, во кое таа рече дека ја држат како заложник и се плаши за својот живот. Како што пишува „Би-Би-Си“ тие не се во можност да ја потврдат фотографијата и немаат дополнителни информации.
Имено, пријател на Латифа потврдил дека тоа е принцезата на фотографијата.
Обединети нации одбија да ја коментираат фотографијата, но за „Би-Би-Си“ изјавиле дека чекаат „убедлив доказ за животот во случајот Латифа“, што Обединетите Арапски Емирати соопштија дека ќе го дадат.
На фотографијата се чини дека е прикажана принцезата Латифа во трговскиот центар во Дубаи, како седи со уште две жени. Пријатели на Латифа за „Би-Би-Си“ изјавиле дека ги препознаваат и двете други жени.
Двете фотографии беа прикачена на социјалната мрежа „Инстаграм“, но нема дополнителни податоци што би ги прикажале датумот и времето, како и точното време и локација каде е направена фотографијата. Сепак, на истата се прикажува кино кое го рекламира филмот „Demon Slayer: Mugen Train“, кој во Обединетите Арапски Емирати беше објавен на 13 мај 2021 година.
View this post on Instagram
Во описот на фотографиите пишува „Прекрасна храна во „Bice Mare“ со Латифа“. „Bice Mare“ е ресторан во Бурџ Калифа во Дубаи.
Но, ниту една од жените не одговорила на барањата на „Би-Би-Си“ за каков било коментар за состојбата на Латифа или за информацијата за тоа кога е направена фотографијата.
„Под претпоставка дека фотографијата е оригинална, тоа покажува доказ дека е жива, што е нешто, но ништо за условите во кои се наоѓа или за нејзината слобода“, изјави за Кенет Рот од „Human Rights Watch“.