Џигли Калиенте - Фото: Инстаграм/ jigglycalienteofficial

ФОТО | На позната ријалити ѕвезда ѝ ја ампутирале ногата поради инфекција

Ѕвездата на ријалити шоуто на Ру Пол „Драг Рејс“ (RuPaul’s Drag Race), Џигли Калиенте ѝ е ампутирана десната нога поради тешка инфекција, соопшти нејзиното семејство.

Џигли Калиенте, позната како Бјанка Кастро, итно била пренесена во болница поради тешка инфекција. За жал, лекарите морале да ѝ го ампутираат „поголемиот дел од десната нога“, велат од нејзиното семејство.

Семејството изјави дека Кастро нема да се врати за да биде судија во следната сезона на „Драг Рејс“ Филипини, ниту пак ќе учествува во „било какви јавни ангажмани во догледна иднина“.

Во четвртокот, на 24 април, семејството ја сподели многу загрижувачката вест за здравствената состојба на Бјанка, а бројни колеги ѝ испратија тажни пораки.

Ја замолуваме јавноста за приватност, а сите што ја сакаат да ѝ испратат пораки за поддршка на социјалните мрежи“, велат од семејството на Бјанка.

Четириесет и тригодишната Џигли Калиенте, која се здоби со слава во четвртата сезона на популарното реално шоу, моментално се опоравува дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот