Кралското смејство - Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

ФОТО | На парадата за кралот Чарлс, Кејт и Шарлот изгледаа беспрекорно, а шоуто повторно го украде принцот Луис

Парадата за кралот Чарлс (Trooping the Colour) е една од најважните и најсвечените кралски традиции во Обединетото Кралство. Оваа церемонија се одржува секоја година во Лондон за да се прослави официјалниот роденден на британскиот монарх, без оглед на неговиот вистински датум на раѓање. За време на раскошната церемонија, покрај совршениот стајлинг на целото кралско семејство на чело со Кејт Мидлтон, вниманието на јавноста го украде најмладиот член на семејството кој секогаш ги насмевнува сите, принцот Луис.

Кејт Мидлтон – Фото: Jonathan Brady / PA Images / Profimedia
Принцот Џорџ и принцот Луис – Фото: Aaron Chown / PA Images / Profimedia
Кејт Мидлтон – Фото: EPA-EFE/NEIL HALL
Кејт Мидлтон и принцезата Шарлот – Фото: EPA-EFE/NEIL HALL
Принцот Џорџ и принцот Луис – Фото: EPA-EFE/NEIL HALL
Кејт Мидлтон и принцезата Шарлот – Фото: EPA-EFE/NEIL HALL
Кралското смејство – Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Луис е познат по своето палаво однесување на разни јавни настани, и овој пат не беше исклучок.

Принцот Луис е најмладиот син на принцот Вилијам и принцезата Катерина (Кејт) и внук на кралот Чарлс III. Роден е на 23 април 2018 година и е четврти во редот за британскиот престол.

Уште од мал стана омилен во јавноста благодарение на неговото симпатично и честопати палаво однесување за време на официјалните настани, кои често стануваат вирални хитови на социјалните мрежи.

Дуото мајка-ќерка за овој свечен настан беше облечено во светли аквамарински нијанси. Иако Шарлот често го координира својот изглед со нејзините браќа, принцот Џорџ и принцот Луис, за кралските излегувања, овој пат таа беше облечена по примерот на препознатливиот елегантен стил на нејзината мајка.

За парадата, на која традиционално членовите на кралското семејство пристигнуваат во кочии влечени од коњи, принцезата од Велс носеше впечатлив сино-зелен фустан од Кетрин Вокер. Таа секогаш знае умешно да ги искомбинира добрите додатци, па го комплетираше изгледот со широка шапка од Жулиет Ботерил, украсена со скулпторски цвет, брош на полкот на Ирската гарда и бисерни обетки што ѝ припаѓаа на покојната кралица Елизабета.

Шарлот ја повтори палетата на бои на нејзината мајка во светла аква фустан со свежа бела панделка на половината, која се совпаѓаше со лентата врзана во нејзината препознатлива плетенка-фризура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот