Џошуа Ален - Фото: Инстаграм

ФОТО | На 36 години, почина познатиот танчaр Џошуа Ален

Победникот на четвртата сезона од шоуто „So You Think You Can Dance“, Џошуа Ален, почина на 36-годишна возраст, потврди неговото семејство за „ТМЗ“.

Во краткото соопштение, семејството ги замоли обожавателите за „молитви и приватност“ во овие тешки моменти. Причината за смртта сè уште не е објавена.

По трагичната вест, бројни пријатели и колеги на Ален се простија од него преку социјалните мрежи.

„Не секогаш ги правеше работите како што другите мислеа дека треба, но токму поради тоа беше победник“, изјави кореографот Имануел Херд, додавајќи дека Џошуа ќе го памети како „неверојатно искрен човек“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joshua Allen (@officialjoshuaallen)

Ален имаше само 18 години кога победи во популарниот танцувачки натпревар. По шоуто, се појави и во неколку филмови, меѓу кои „Step Up 3D“ (2010), римејкот на „Footloose“ (2011), како и во една епизода од серијата „American Horror Story“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот