
ФОТО | Морничавата последна фотографија објавена од Метју Пери: Се снимил во џакузито во кое е пронајден мртов
Ѕвездата на серијата „Пријатели“ „Friends“ Метју Пери (54) во саботата е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а светските медиуми ја пренесуваат последната фотографија којашто Пери ја објави на својот инстаграм-профил.
Препорачано
Фотографијата на која е во базенот (џакузи) во својата куќа со слушалки на главата, Пери ја објави на 23 октомври на Инстаграм.

„Ох, толку топла вода што се врти наоколу прави да се чувствуваш добро? Јас сум Метмен“, ја напишал Пери таинствената порака.
Истиот ден, тој споделил снимка од Месечината и донекаде појаснил дека „Метмен“ е референца за „Бетмен“.
„Дали разбирате што се обидувам да ви кажам? Јас сум Метмен“, напишал актерот.
Пет дена по овие објави, Пери е пронајден мртов во неговиот дом. Се претпоставува дека тој починал како последица на случајно давење во неговото џакузи.
Извори од американските медиуми наведуваат дека на местото на настанот не била пронајдена дрога, а не постои сомнеж за насилна смрт.
Пери бил на рехабилитација најмалку 15 пати, а во последните години имал дури 14 операции.
Тој зборуваше за своите демони во мемоарите „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ во 2022 година.
Метју Пери снимен на улиците на Беверли Хилс, фановите загрижени: Тој изгледа запуштено