Фото: Инстаграм/Клои Кардашијан

ФОТО | „Мора сите да користите Оземпик?“: Клои Кардашијан го покажа мускулестото тело во бикини и наиде на критики дека е премногу слаба

Ѕвездата на реалните шоуа Клои Кардашијан ја отвори сезоната на уживање покрај базен и воедно покажа дека напорно работела на тоа да изгледа одлично во летните денови.

Во нејзината последна објава на Инстаграм, таа сподели неколку фотографии на кои е облечена во бело бикини со вишни и позира покрај своите деца – Тру Томпсон (7) и Тејтум Томпсон (2). Интересно е дека Кардашијан била модно усогласена со ќерка ѝ, која носела плажна наметка со вишни како мотив.

Кардашијан, како една од највлијателните жени на социјалните мрежи, веднаш го привлече вниманието на следбениците со својата драстична промена на изгледот, односно многумина се загрижени за нејзиното нагло слабеење.

„Ми делува како да има проблеми со здравјето. Клои, добро си?“, „Претерувате со користењето Оземпик. Тоа е лек за дијабетичари!“, „Клои, претходно изгледаше подобро! Зошто сите сте опседнати со тоа да бидете слаби“, гласат дел од коментарите на луѓето кои сметаат дека старлетата претерала со промената.

Сепак, многумина се воодушевени од изгледот на Кардашијан и ѝ честитаа за упорноста и напорната работа на себеси за да има подобар изглед.

Фото: Инстаграм/Клои Кардашијан
Фото: Инстаграм/Клои Кардашијан
Фото: Инстаграм/Клои Кардашијан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот