
ФОТО | „Мојот брат“: Арнолд Шварценегер објави слика со Дени Девито и најави нова соработка
Речиси 35 години подоцна, Арнолд Шварценегер и Дени Девито се сѐ уште „близнаци“.
Препорачано
Шварценегер (76) неодамна објави нова фотографија со неговиот колега Девито (79) и ќерката на Девито – Луси Девито (40) на сетот на бродвејската претстава „Ми треба тоа“ („I Need That“).
„Мој брате! Беше фантастично да се види Дени во Бродвеј во ‘Ми треба тоа’. Тој и Луси, но и сите вклучени, ја забавуваа публиката, која се смееше и уживаше во секој момент. Ова беше една од најдобрите претстави што сум ја видел, вистински спектакал со срце. Едвај чекам да работиме заедно повторно“, напиша Шварценегер на својот инстаграм-профил.

Да потсетиме, Шварценегер и Девито ги играа главните улоги во популарниот филм „Близнаци“ („Twins“) (1988).
На почетокот од 2022 година, актерите почнаа да работат на продолжението на комедијата, сега со работен наслов „Тројка“ („Triplets“). Но, целата продукција беше ставена на пауза поради смртта на оригиналниот режисер на филмот Иван Рејтман во февруари 2022 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
49мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5