Фото: Принтскрин - Инстаграм

ФОТО | „Мисли дека е многу голема“: Ќерката на водителката Милена го прослави петтиот роденден

Празникот Успение на Пресвета Богородица има посебно значење за нашата позната водителка и инфлуенсерка Милена Антовска Станковска и нејзиното семејство. На овој голем празник е родена првата ќерка на водителката, Лана Марија, што воедно ги навело и тогаш новите родители да го додадат името Марија на веќе избраното име Лана.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Родендеската прослава помина на отворено во кругот на најблиското семејство и другарчињата на Лана. Забавата беше инспирана од омилениот дизниев лик на најмладите девојчиња – глувчето Мини. Многу балони, закуски, слатки и прекрасна роденденска торта. Забавата беше комплетна благодарение на пантомимичарот Кирил Трајковски – Максим кој се погрижи за најмладите гости.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Лана Марија вчера наполни 5 години и веќе мисли дека е многу голема. Да ни е жива и здрава и да не радува и секако да не нервира цел живот. Не дека е моја, не дека е наша ама има зошто е родена на еден од најубавите празници, Успение на Пресвета Богородица. Те сакаме“ – напиша водителката во описот на фотографиите од роденденската прослава.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Милена и нејзиноот сопруг Гордан оваа година по втор пат станаа родители. Лана Марија на големиот христијански празник Василица стана доби нова улога како постара сестричка на Јоана која за неколку месеци ќе го прослави својот прв роденден.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот