Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТО | Mинистерот Борко Ристовски ја даде својата поддршка на организаторите на ЕМОФ 2025

Mинистерот за спорт Борко Ристовски денеска беше присутен на традиционалниот „Chefs de Mission“ семинар во Скопје пред Европскиот младински олимписки форум ЕМОФ 2025 на кој Македонија ќе биде домаќин од 20 до 26 јули.

На денешниот семинира кој го организираше Македонскиот олимписки комитет европските делегации можеа да се запознаат со организациските аспекти, спортските и логистичките капацитети на градовите-домаќини.

Свое обраќање пред присутните имаше и Министерот Ристовски.

„Ова е исклучетелно важен настан за спортот и за Македонија како држава во која сакаме да промовираме спортски вредности кои се високо на нашата агенда. Ќе бидеме одлични домаќини на сите овие млади спортисти, делегации и гости и ќе се потрудиме сите оние задачи кои се дадени како обврски да ги исполниме во соработка со Македонскиот олимписки комитет. Сигурен сум дека од овој настан ќе има голем бенефит и државата и Македонскиот олимписки комитет, но пред сѐ спортот што за нас е многу важно. Како Министерство за спорт, како Влада и како држава покажуваме дека се грижиме не само за спортот туку и за сите придружни ефекти кои можат да се промовираат преку спортот и преку вакви настани“, изјави Ристовски.

Нагласи Ристовски и дека ова е одлична можност за младите македонски спортисти.

„Генерално сите ќе имаме бенефит од овој голем спортски настан, но најважно е што најголем бенефит ќе имаат младите македонски спортисти кои имаат можност да настапат на едно вакво големо натпреварување и ќе можеме преку нив да градиме нови спортски идоли кои што во изминатите години ни недостасуваат. Треба да ги поддржиме сите талентирани деца да прераснат во идни олимпијци“, рече Ристовски.

На говорницата излезе  и претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски.

Македонија ќе биде седиште на спортот во Европа во таа една недела. Ќе имаме привилегија да ги угостиме најдобрите млади европски ѕвезди кои во иднина ќе бидат светски и олимписки ѕвезди. Ќе имаме прилика да ја претставиме државата во најдобро светло. Огромна благодарност до министерот и до Владата кои застанаа зад овој проект бидејќи таа поддршка ни е неопходна и многу ни значи во обидот да испорачаме еден навистина велелепен светски настан. Најголем бенефит ќе имаат нашите млади спортисти. На ЕМОФ 2025 ќе имаме повеќе од 200 учесници спортисти кои ќе бидат нашите идни ѕвезди“, посочи Димевски.

Домаќини на ЕМОФ 2025 ќе бидат Скопје и Куманово, а се очекува да учествуваат 4.000 млади спортисти во различни спортови.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот