Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

ФОТО | Меланија по долго време се појави со Трамп: Како заљубени тинејџери се гушкаа и бакнуваа во јавност

Меланија Трамп се појави на собир на републиканците каде што Доналд Трамп ја прифати третата републиканска претседателска номинација.

Сопругата на Трамп, која во последно време ретко се појавува во јавноста, се појави во црвена комбинација и со Трамп разменуваа прегратки и бакнежи и се држеа и за рака.

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

„Длабока чест ми е што мојата неверојатна сопруга Меланија ми се придружи на ова патување. Ти благодарам Меланија и ти благодарам за твоето прекрасно писмо до Америка во кое повикуваш на национално единство. Допре многумина“, ѝ рекол Трамп на својата сопруга од сцената, осврнувајќи се на нејзиното писмо испратено до јавноста по пукањето врз Трамп.

Меланија потоа доби аплауз од салата и со насмевка ги поздрави сите собрани.

Со години има многу шпекулации за врската меѓу Меланија и Трамп. Уште кога беше претседател на САД, се трупаа приказни за наводни тешкотии во бракот, ладни односи, па дури и развод. Ова главно беше поттикнато од нивниот ладен однос пред камерите. Имено, во неколку наврати Меланија беше снимена како да изгледа дека одбива да се држи за рака со Трамп. Сепак, се чини дека за овој настан сепак решиле да покажат блискост.

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот