
ФОТО | Марко „Дај побрзај“ ги однесе близнаците на плажа: Веда и Вања нема да се сеќаваат, но јас и сопругата ќе се сеќаваме на првото летување
Македонскиот водител Марко Новески, кој ја освои македонската јавност со неговиот телевизиски проект „Дај побрзај“, сега ужива во својата нова животна улога – татко на симпатичните близнаци Вања и Веда.
Препорачано
Новески и неговата сопруга Цена Плавеска ги добија синот и ќерката кон крајот на април, а сега среќното семејство замина на своето прво семејно летување.
„Одиме на плажа. Можеби Веда и Вања нема да се сеќаваат, но јас и сопругата сигурно никогаш нема да го заборавиме првото одење на плажа со нив“, напиша тој во описот на фотографиите, кои ги објави на својот инстаграм-профил.



Да потсетиме, Новески и Плавеска стапија во брак во август 2021 година.
„Се оженив! Те сакам Плавевска и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна. Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и секако до старосватицата Сашка за стручната логистика околу овој чин“, напиша тој тогаш.
Три години подоцна, тие станаа и родители на Вања и Веда, за кои водителот вели дека се неговата „дупла среќичка“.
