
ФОТО | Македонска икона на модата: Ивана Манас ja отвори ревијата на Токио Џејмс во Милано
Македонскиот интернационален модел Ивана Манас повторно го привлече вниманието на светската модна сцена, откако ја отвори ревијата на реномираниот бренд „Токио Џејмс“ (Tokyo James) на Миланската модна недела.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Настапот на ваков престижен настан претставува огромна чест и признание за секој модел, а Ивана со својата харизма и професионалност успеа да остави неизбришлив впечаток на публиката и модните критичари.
View this post on Instagram
Ивана има богато искуство со познати светски брендови како „Dolce&Gabbana“, „Rick Owens“ и „Philipp Plein“, а нејзината кариера е збогатена и со фактот што беше единствената Македонка која стана заштитно лице во кампањата на „Долче и Габана“ (Dolce&Gabbana).
„Останувам во Милано до крајот на сезоната за да работам на уште неколку значајни проекти“, изјави Ивана, додека нејзината агенција Модел Ин со гордост ја поддржува во нејзиниот успешен пат.
За нејзините успеси говори и Алек Наумовски сопственик на агенцијата која години наназад успешно лансира македонски модели на светските модни писти, меѓу кои се Елена Реи, Катарина Ивановска и многу други:
„Ние соработуваме веќе 6 години, Ивана е единствена и уникатна, ние знаевме дека ќе го освои модниот свет само беше прашање на време. Најгорди сме и огромна чест и привилегија е што сме соработувале сите години наназад. Верував во неа уште на самиот почеток и знаев дека еден ден ќе биде супер модел“.
Со овој успех, Ивана Манас уште еднаш докажа дека талентот и упорноста водат до светската сцена.