Маја Беровиќ за време на бременоста со синот Лав / Фото: Инстаграм, Маја Беровиќ

ФОТО | Маја Беровиќ го покажа синчето: Поздрав од капетанот на белиот брод

Босанската пејачка Маја Беровиќ стана мајка пред три месеци, кога роди момче на кое таа и нејзиниот сопруг му го дадоа името Лав.

По породувањето, младата мајка одлучи да се дистанцира од социјалните мрежи и оттогаш ретко објавуваше нови фотографии од нејзиното секојдневие.

Сепак, по повод Денот на мајката, Беровиќ одлучи да објави заедничка фотографија со нејзиниот син Лав. Ова, секако, ги израдува нејзините обожаватели.

„Среќен Ден на мајката. Поздрав од капетанот на белиот брод“, напиша пејачката во описот на фотографијата на која го држи својот син Лав.

Слатката објава им се допадна на многумина, а повеќето од позитивните коментари се на сметка на малечкиот Лав. Секако, не заостануваат и оние кои се воодушевени од изгледот на пејачката, која за само три месеци ја доведе својата линија до совршенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Berovic (@mayaberovicofficial)

ФОТО | Се породи пејачката Маја Беровиќ: Синчето доби интересно име

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот