
ФОТО | Линдзи Лохан негира дека правела пластични операции: „Само се хранам здраво и внимавам на кожата!“
Холивудската ѕвезда Линдзи Лохан повторно е во центарот на вниманието – овој пат не поради улога, туку поради својот неверојатно младолик изглед кој предизвика бројни шпекулации. Многумина се прашуваа дали актерката која сега има 37 години направила естетски зафати, но Лохан реши да ја открие вистината во искрен разговор за списанието „Ел“.
Препорачано
„Се хранам здраво и внимавам на кожата – тоа е сè“, откри таа, додавајќи дека секое утро го започнува со домашен сок од морков, ѓумбир, лимон, маслиново масло и јаболка. Пијалаците богати со антиоксиданси, како зелениот чај, се дел од нејзината дневна рутина, а особено вели дека е „опседната со кисело цвекло“, кое го додава во речиси секое јадење.

Лохан открива дека во моментов развива своја линија за нега на кожа и дека сама ги тестира производите.
„Процесот трае долго бидејќи сум многу прецизна и внимавам на секој детаљ. Моето лице е моја грижа и одговорност“, вели актерката.
Покрај тоа, таа практикува потопување на лицето во ледена вода веднаш по будењето, користи маски за очи, додава чиа семки во водата и, како што вели, обожава ласерски третмани.

Голема промена почувствувала по породувањето на својот син. „Кожата ми стана чувствителна и тоа ме натера да ја сменам целата рутина – од исхрана до козметика“, призна Линдзи. Направила и крвни анализи за да дознае на што е алергична и елиминирала сè што ѝ пречело.
На гласините за пластични операции, Линдзи одговара со доза хумор: „Сите користат ботокс. Јас само се прашувам – кога би имала време за сето тоа?“.
Нејзината публицистка додава дека е тажно што жените често се критикувани кога изгледаат добро.
„Во Холивуд постојат двојни стандарди – ако изгледаш подобро, веднаш се мисли дека си направила лифтинг. Тоа е навистина злобно“, вели таа.
Таткото на Линдзи Лохан осуден на девет месеци затвор поради земање мито од пациенти