
ФОТО | Легендарен концерт во Виена: „ЈУ група“ и „Парни ваљак“ – приказни за страст и верност
Незаборавнaта вечер во Градската сала во Виена ја отвори „ЈУ група“, најдолговечниот рокенрол бенд на просторите на поранешна Југославија, бенд кој прв почна да комбинира рок музика со елементи од традиционалната балканска музика.
И додека започнува едно ново поглавје за „Парни ваљак“ со младиот пејач Игор Дрвенкар и турнејата „50“, прославувајќи полаовина век работа, „ЈУ група“ (YU Grupa) непрекинливо продолжува да трае цели цели 55 години. Од почетокот до крајот на незаборавниот настан, сѐ беше на највисоко ниво, достојно на такви музички легенди, врвна свирка, искрени емоции и co песни кои станаа дел од културното наследство на Балканот. A да биде сѐ како што прилега за ваквите легендарни бендови, се погрижи екипата „DrumPub“ од Виена, додека „Слободен печат“ имаше привилегија да присуствува на овој уникатен настан.
Препорачано

Оваa незаборавнa вечер во Градската сала во Виена ја отвори „ЈУ група“, најдолговечниот рокенрол бенд на просторите на поранешна Југославија, бенд кој прв почна да комбинира рок музика со елементи од традиционалната балканска музика. Од основањето во 1970 година до денес, на чело со неуморните браќа Жика и Драги Јелиќ, минувајќи низ бројни фази и постави, каде што последните три децении трет столб на групата се гитаристот Петар Јелиќ и тапанарот Саша Радојевиќ-Жуле. Многу бендови со текот на годините ги менуваа музичките правци или едноставно се повлекуваа од професијата, но овие ветерани останаа верни на својата прва љубов – рокот, а со нив остана и верната публика.

„ЈУ група“, за време на полавековното постоење на музичката сцена, објавија низа значајни албуми, од првиот „ЈУ група“ (1973) до последниот „Ево стојим ту“ (2016), на кои, како и на неколку синглови, се забележани антологискитe песни како „Црн лептир“, „Чудна шума“, „Косовски божури“, „Од златa јабука“, „Морнар“, „Дунавом joш шибаjу ветрови“ и сите останати хитови кои публиката ги пееше заедно со членовите на бендот. Овој рок бенд, на чело со браќата Драги и Жика Јелиќ, свири со ист жар како на почетокот на кариерата.

Во приказната наречена „Парни ваљак“, во текот на 50 години постоење, посебно место припаѓа на Аки Рахимовски, препознатливиот глас и икона на „Парни ваљак“, кој ненадејно почина во 2022 година, со што заврши едно цело поглавје на бендот. Откако бендот тогаш застана со активностите, нивната страст кон музиката и свирењето надвладеа, па година подоцна донесоа одлука да продолжат со работата.
„Не свираме за да живееме, туку живееме за да свираме“, истакна тогаш Хусеин Хасанефендиќ – Хус и додаде дека токму таа страст ги натерала да продолжат понатаму.

Во новото поглавје, на бендот им се придружи младиот пејач Игор Дрвенкар, кој е повеќе свесен за преземената задача – да го замени легендарниот Аки и да ја донесе на сцената онаа добро позната енергија. А дека сè е така, го почувствувавме на истата сцена по настапот на „ЈУ група“. Со изведување на нивните безвремени класици како „Страница дневник“, „Есен во мене“, „Дојди“, „Угаси ме“, „Знамиња“, како и дел од новите песни „Од кога те не гледам често“, „Моја глава, мои правила“, публиката беше доведена до врвот на концертот кој траеше до полноќ.

