
ФОТО | Лансирана најскапата чанта „Луј Витон“ досега: Чини вртоглави милион долари
Новата чанта „Millionaire Speedy“ на „Луј Витон“ конечно ја виде светлината на денот. Имено, станува збор за прва чанта дизајнирана од Фарел Вилијамс, актуелниот креативен директор на машката колекција на луксузниот француски бренд.
Препорачано
Иако чантата сѐ уште не е достапна за продажба на официјалната веб-страница на модната куќа, кошаркарот Пи Џеј Такер објави фотографија на својот Инстаграм и го откри лансирањето на чантата, па се чини дека, во моментов, таа е достапна само за најблиските на самиот Вилијамс.

Според скриншотот од веб-страницата на брендот, која ја сподели кошаркарот, гледаме дека чантата е направена по нарачка и е достапна во пет бои – црвена, зелена, сина кафеава и, секако, жолтата што Фарел ја носеше насекаде за време на Модната недела во Париз.

Чантата е изработена од крокодилска кожа во споменатите бои и е украсена со легендарниот монограм на „Луј Витон“. Исто така, најновото издание на моделот „Millionaire Speedy“ е украсено со златни метални детали како привезоци и дијаманти.
Чантата, која ќе има посебен третман при продажбата и која нема да биде изложена во продавниците, е меѓу првите парчиња од дебитантската колекција на Фарел Вилијамс за „Луј Витон“, која привлече огромно внимание поради специфичниот и раскошен печат.

Од самиот опис јасно се гледа дека ова е најлуксузното издание на чантата што досега е направено. Таа не само што изгледа како да вреди милион долари, туку и толку чини – милион долари, па неа ќе можат да си ја дозволат само оние со длабок џеб.