Фото: Инстаграм/Алба Баптиста/„Пипл“

ФОТО | Крис Еванс и неговата 16 години помлада девојка се венчаа во тајност

Актерот Крис Еванс (42) и неговата 16 години помлада девојка Алба Баптиста (26) тајно се венчале во саботата.

Како што пренесуваат светските медиуми, парот се венчал на интимна церемонија одржана во нивниот дом во Масачусетс во близина на Бостон. Извор близок до парот рекол дека венчавката се одржала во строга тајност, поради што на гостите им било забрането да користат мобилни телефони.

Еванс и Баптиста ги поканиле само нивните најблиски пријатели и членови на семејствата. На листата на гости се нашле и некои негови колеги како Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт и Џереми Ренер.

Крис Еванс и Алба Баптиста / Фото: Profimedia

Холивудскиот актер и португалската актерка првпат ги поттикнаа гласините за романтична врска во ноември 2022 година, кога извор потврди дека се во врска една година.

„Тие се заљубени, а Крис никогаш не бил посреќен. Неговото семејство и пријателите ја обожаваат Алба”, изјавил тогаш извор за медиумите, нагласувајќи дека тие се во сериозна врска.

Крис Еванс и Алба Баптиста / Фото: Profimedia

Еванс има успешна кариера како долгогодишна ѕвезда на „Марвел“, но и кариерата на неговата партнерка е импресивна. Покрај тоа што е наградувана актерка, Алба Баптиста зборува дури пет јазици – португалски, англиски, германски, француски и шпански.

Таа е позната по нејзината улога во филмот „Mrs. Harris goes to Paris“ и има освоено награди за нејзината работа, вклучувајќи ја и наградата „Европска ѕвезда во подем“ на Берлинскиот филмски фестивал и наградата за најдобра актерка на фестивалот „Иберико де сине“ за нејзината улога во краткиот филм „Miami“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот