Фото: Инстаграм/Британското кралско семејство

ФОТО+ВИДЕО | Кралот Чарлс и кралицата Камила ја одбележуваат 20-годишнината од бракот со посета на Италија

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила пристигнаа во Рим, каде што ја започнаа својата прва официјална посета на Италија по крунисувањето.

Само неколку часа по слетувањето, беа фотографирани во близина на нивната резиденција, во близина на древниот аквадукт Аква Клаудија, пишува „Телеграф“.

Кралицата беше облечена во елегантен бело-беж фустан дизајниран од Ана Валентина, украсен со брош во форма на ѓурѓевак, симбол на љубовта кој некогаш ѝ припаѓал на кралицата мајка.

„Со голема радост ја започнуваме нашата прва посета на Италија како крал и кралица и ја славиме нашата дваесетгодишнина од бракот на ова прекрасно место – заедно со неверојатни луѓе!“, напиша кралскиот пар во објава на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/Британското кралско семејство

Инаку, оваа посета е историска – кралот Чарлс ќе биде првиот британски монарх што ќе се обрати пред двата дома на италијанскиот парламент. Програмата вклучува и аеромитинг на кој ќе настапат прочуените „Црвени стрели“, акробатскиот тим на Кралското воздухопловство. Исто така, кралот исто така ќе се сретне со претседателот и премиерката на Италија.

При слетувањето на аеродромот Чампино во Рим, кралскиот авион беше придружуван од два италијански воени авиони Ф-35. На црвениот тепих ги дочекаа почесната гарда и претставници од двете земји, меѓу кои и британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами.

Кралицата Камила, во темносин фустан од дизајнерката Фиона Клер, изјави дека е „воодушевена што повторно е во Италија“.

Четиридневната посета на Рим и Равена ќе биде збогатена со културни активности, меѓу кои и посета на гробот на Данте Алигиери и музејот на лорд Бајрон. Локалните медиуми пренесуваат дека во Равена владее вистинска еуфорија поради доаѓањето на британскиот кралски пар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот