
ФОТО | „Колку ужасен фотошоп!“ По скандалот за прељубата, кралот и кралицата со одвоени слики залепени на иста фотографија
Се чини дека европските кралски семејства не можат без скандали со фотошоп. Една таква афера го погоди данското кралско семејство откако во петокот беше објавена фотографија на кралот Фредерик и кралицата Мери. Се коментира дека фотографијата е резултат на фотошоп, но и одраз на вистинската состојба на нивниот брак по големиот скандал со прељуба што ги снашол.
Препорачано
Оваа фотографија е нивниот прв официјален портрет откако беа прогласени за крал и кралица на Данска. Да потсетиме, поранешната кралица Маргарет Втора абдицираше во корист на својот син во февруари минатата година.
Многумина имаат впечаток дека Мери и Фредерик се фотографирани одделно, а потоа „додадени“ на заедничката фотографија.
After months of wild rumour and speculation about the state of their marriage, King Frederik and Queen Mary of Denmark stand side-by-side in their first official gala portrait since ascending the throne https://t.co/pv9UhNGLNk pic.twitter.com/rJjqHvHWH4
— Tatler (@Tatlermagazine) April 27, 2024
„Ужасен фотошоп, толку несмасно“, „Дали е ова фотошопирано? Мислам, изгледа како да се фотографирани одделно, а потоа составени? Мери изгледа одлично, а Фредерик, па кралот изгледа како штотуку да се стркалал од креветот“, коментираат.
Други ја истакнуваат положбата на нејзината рака пред онаа на кралот Фредерик, тврдејќи дека изгледа неприродно.
„Изгледа дека кралицата Мери е ставена на фотографијата на Фред. Положбата на рацете е идентична“, пишуваат на социјалните мрежи.
Како спорни се издвојуваат и деталите зад кралската двојка, односно белите столбови и златната заматена позадина. На некои луѓе им се допаднала фотографија, иако и тие тврдат дека се работи за монтиран портрет.
Фотографијата беше објавена месец ипол откако Кенсингтонската палата објави фотографија на Кејт Мидлтон и децата Џорџ, Шарлот и Луис за Денот на мајката, за која принцезата од Велс призна дека е монтирана и се извини за тоа. На таа спорна фотографија пронајдени се 16 грешки кои предизвикаа голем скандал.

Додека, пак, реакцијата на данското кралско семејство е дека не се работи за фотошопирана фотографија на Мери и Фредерик.
Многумина велат дека фотошопот има голема смисла поради гласините дека кралот ја изневерил сопругата со мексиканската реалити ѕвезда Геновева Казанова, со која беше виден минатата година во Шпанија. Фотографијата на тој начин ја доловува дистанцата помеѓу нив додека блискоста е вештачки направена.
Некои веруваат дека поранешната кралица абдицирала за да го спаси бракот на нејзиниот син и снаа, што е многу важно за данскиот двор.
Се коментира и дека Мери и Фредерик на фотографијата (и покрај фотошопот) изгледаат чудно: „Има толку многу напнатост! Дали се воопшто во иста просторија или ова е монтажа?“; „Зошто ја изневеруваше, толку сум му лута“, „Ох, изгледа прекрасно, но толку напнато! Нешто не е во ред“.
Некои забележале дека кралицата изгледа многу ладно покрај својот сопруг и дека не сакала да позира за овој портрет.
Данското кралско семејство исто така беше критикувано во јануари поради фотошопираната фотографија, тогаш беше објавена фотографија од децата на кралската двојка, принцот Винсент и принцезата Џозефина, за нивниот 13-ти роденден. Се коментираше дека фотографијата на децата е земена од семејниот портрет и дека од него е создаден нов портрет, пишува „Дејли мејл“.
ФОТО | По повод јубилејниот роденден, принцезата Мери од Данска блесна во сино
Се запознала со принцот Фредерик во паб: Која е идната данска кралица Мери?
Фредерик десетти e новиот крал на Данска по абдицирањето на неговата мајка Маргарета Втора