
ФОТО | Колку пораснале: Меган Маркл сподели ретки фотографии од Лилибет и Арчи
Меган Маркл сподели нови фотографии од своите деца, принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (4), по повод почетокот на втората сезона од нејзината серија за животен стил.
Препорачано
Taa објави серија фотографии зад сцената на Инстаграм од снимањето на серијата на Нетфликс „Со љубов, Меган“, вклучувајќи и една на која се прикажани Арчи и Лилибет.
View this post on Instagram
Малиот шестгодишен принц и четиригодишната принцеза се фотографирани како носат слушалки и гледаат клипови од серијата на монитор, а друга фотографија ја покажува Лилибет како седи на платнена столица, додека Арчи држи филмска табла.
Две работи што сите ги забележаа – од последното објавување на децата (а особено принцот Арчи, кого го гледаме поретко), јасно е колку малите пораснале. Покрај тоа, на сите им е јасно дека тие се копии на својот татко, со препознатливата портокалова коса на принцот Хари.
„Толку многу се забавувавме на снимањето што е тешко да се опише. Како ја одржувавме атмосферата? Со музика. Помеѓу сцените, секогаш пуштав музика на телефонот“, напиша Меган во објавата, споделувајќи ги своите омилени песни.
Во новата сезона од серијата, војвотката од Сасекс постојано ги споменува Арчи и Лилибет. Во втората епизода со Криси Тајген, таа открива како децата сакаат домашно милениче, мачка. Хари и Меган веќе имаат неколку животни, вклучувајќи лабрадор Пула, бигл Миа и кокошки, но наводно малите постојано молат за ново домашно милениче.