Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ anicalazicofficial

ФОТО | Колку ли чини ова? Аница Лазиќ покажа дел од луксузниот стан во кој живее со Лазар Ристовски

Љубовната врска помеѓу Аница Лазиќ и познатиот актер Лазар Ристовски, кој е 39 години постар од неа, крена огромна прашина во јавноста, особено поради големата разлика во годините. Нивната врска е под будното око на јавноста од самиот почеток, а парот ја користи секоја прилика да истакне колку се сака и колку не им е грижа за негативните коментари.

Аница сега за првпат покажа дел од луксузниот стан каде го изградиле „љубовното гнездо“ и каде се вселила со саканиот Лазар.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имено, на фотографијата што ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм може да се види бела кожна софа и плакар од подот до плафонот. Очигледно е дека актерот и актерката не сакаат натрупани простори, па домот го уредиле на минималистички начин. Друго нешто што паѓа во очи е огромното огледало со златна рамка.

Девојката на Лазар Ристовски првпат проговори за врската со актерот: И двајцата сакаме акција и брзо темпо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот