Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Колинда Грабар-Китаровиќ на Олимписките игри во Париз: Дали ја препознавте славната холивудска двојка зад неа?

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и нејзиниот сопруг Јаков во неделата му дадоа поддршка на хрватскиот гимнастичар Аурел Беновиќ на Олимписките игри во Париз. Еден ден подоцна, поранешната хрватска претседателка објави неколку заеднички фотографии од настанот од салата, а една од нив стана вирална.

Освен Колинда и нејзиниот сопруг Јаков Китаровиќ, Аурел го следела и холивудската елита.

– И Ева Мендез и Рајан Гослинг уживаа во гимнастиката – напишала Колинда и објавила неколку фотографии на кои се гледа славниот холивудски пар како седи непосредно зад неа и нејзиниот сопруг.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Имено, таа и нејзиниот сопруг позирале насмеани, а кадарот во позадина го „фати“ славната холивудска двојка – Ева Мендез и Рајан Гослинг, со нивните две ќерки.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерскиот пар ретко се појавува во јавноста, па изненади многумина со своето заедничко појавување на Олимписките игри во Париз. Дополнително изненадување беше тоа што беа во друштво на нивните две ќерки, деветгодишната Есмералда и осумгодишната Амада.

ФОТО | Колинда Грабар-Китаровиќ ја копира Кејт Мидлтон: Носи морнарски фустан во Вашингтон, а истиот модел го обожава и принцезата 

ВИДЕО+ФОТО | Ева Мендес призна дека со години го бричи лицето: „Многу сум влакнеста“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот