Игор Којиќ, Софија Дачиќ Којиќ, Катарина Радивојевиќ/Северина/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Кои се поранешните љубови на Игор Којиќ: Ја сакаше непризнаената ќерка на актерот, а со Северина се ожени 3 пати

Веста дека синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ, тајно се ожени со 15-годишната тиктокерка Софија Дачиќ ја изненади српската јавност.

Игор Kојиќ и Софија / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешниот фудбалер малку подоцна се огласи, потврдувајќи дека повторно го изговорил судбоносното „да“.

„Вистина е дека јас и мојата сопруга добивме награда и признание од општина Нови Белград како прва брачна двојка во 2025 година. Софија е мојот дар од Бог. Првата, последна, единствена и вистинска љубов. Среќен Божиќ на сите, Христос се роди“, порача Игор.

Инаку, Софија е многу активна на социјалната мрежа Тикток каде ја следат речиси 10.000 луѓе.

Фото: Принтскрин/Тикток

Игор неодамна на еден настан проговори за својот приватен живот, по бројните шпекулации.

– Срцето ми е и окупирано и одземено. Не би го коментирал мојот приватен живот во моментов, се трудам да уживам, со мене секогаш сè беше во најдобар ред, сакам, постојам, се однесувам нормално. Видов што изјавил татко ми, тоа малку беше избрзано, но добро, нека биде… Никогаш не се криев ниту од нови ниту стари љубови, па се трудам да имам нова љубов секој ден, а постои само една единствена, таа е во небото – изјавил неодамна Игор.

А, пред да се смири покрај убавата Софија, Игор беше во љубов со познати убавици од српската сцена.

Теодора Бјелица

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Teodora Muhar (@teodorabjelica)


Игор Којиќ во декември 2023 година, се вљубил во српската актерка Теодора Бјелица, инаку непризнаената ќерка на познатиот, сега веќе починат новинар Мирослав Лазански. Нивната врска траела до минатата година, кога беа откриени кога двајцата објавија идентични фотографии од Копаоник.

Меѓутоа, брзо следуваше раскинувањето, а по многу шпекулации актерката се огласи и призна дека ја прекинала врската со Игор.

„Едноставно, не се поклопивме. Со текот на годините научив да не трошам време на луѓе и врски кои не ми  годат. Без лоша крв заминувам и на таа личност ѝ посакувам сè најдобро“, изјавила Бјелица за „Стори“.

Љубовта со Северина Вучковиќ

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Нивната прва венчавка беше тајна, во септември 2015 година во парохиската црква во Истра, додека вториот пат се заколнаа на вечна љубов два месеци подоцна на граѓанска венчавка во Белград.

По третпат, за да ги обноват своите завети, побегнаа од љубопитните очи на друг континент, дури и во далечната Африка.

Колку била силна љубовта на почетокот доказ е тоа што не им пречела 15-годишната разлика, а со години важеа за еден од најхармоничните парови во светот на познатите.

На крајот, нивниот брак не издржа и се разведоа во 2021 година. Но и пред Северина, Игор бил во врска со убавици.

Катарина Радивојевиќ

 


Игор пред Северина беше во врска со убавата српска актерка Катарина Радивојевиќ, а нивното раскинување ѝ го скрши срцето, бидејќи, како што тогаш пишуваа медиумите, ја оставил токму поради хрватската пејачка. Иако малкумина се сеќаваат на тајната врска, која траела со месеци, меѓу актерката и Игор, наводно тој ја оставил Катарина Радивојевиќ и наводно таа тешко го поднела раскинувањето.

Дури подоцна ја нашла среќата со славниот холивудски актер Бенисио дел Торо. Сепак, ниту оваа врска не потрајала, иако тој подоцна секогаш зборувал за неа со суперлатив.

ФОТО | Игор Којиќ се ожени во тајност: Синот на Кеба го кажа судбоносното „да“ на 15 години помлада девојка

Изгледа ова е крајот: Северина се разведува, Игор се отселил од станот? (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот