Фото: BrosNYC / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс блесна на матурата: Ниту трага од родителите, ја придружуваше згодно момче

Сури Круз изгледала како принцеза додека пристигнувала на својата матура во Њујорк. Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс очигледно одлично се забавувала додека разговарала со пријателите, а „Дејли мејл“ откри дека билa во придружба на Тоби Коен, исто така матурант и млад музичар во подем. Цело време се држеле за раце, а кога се фотографирале, Коен ги обвиткал рацете околу половината на 18-годишната Сури.

Фото: BrosNYC / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

И двајцата се познаваат од училиште затоа што заедно го посетувале средното училиште за музика и уметност и изведувачки уметности ЛаГвардија, кое е специјализирано за подучување визуелни и изведувачки уметности.

Фото: BrosNYC / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Сури наесен треба да оди на факултетот за дизајн Карнеги Мелон во Питсбург, а Тоби на престижниот музички колеџ Беркли во Бостон.

Фото: BrosNYC / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Ќерката на познатите холивудски актери за специјалната пригода облекла фустан во стил на корсет со цветен принт. Нејзината мајка, Кејти, не била видена во близина на ресторанот „Асцент“ во Колумбус Сиркл, Њујорк, каде што се одржувала забавата, како ниту нејзиниот татко Том, кој всушност нема удел во воспитувањето на Сури со години.

Фото: BrosNYC / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

„Том Круз не постои за неа“: Сури Круз го прослави 18. роденден без својот татко

Го заборави Пике: Шакира се дружеше со Том Круз на Големата награда на Формула 1 во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот