
ФОТО | Ќерката на поранешниот француски претседател и Карла Бруни изненади со својот изглед: „Има 13 години, а изгледа како да има 25“
Џулија Саркози, единственото дете на Карла Бруни и поранешниот француски претседател Никола Саркози, во последно време привлекува сè повеќе внимание со својот изглед. До неодамна изгледаше како вистинска тинејџерка, а денес, како што многумина веруваат, изгледа двојно постара отколку што е всушност.
Препорачано
Токму затоа стана една од најкоментираните тинејџерки во Европа, но не во позитивно светло. Џулија, која е родена во октомври 2011 година, носи екстензии, вештачки трепки, многу шминка, а користи и крем за самопотемнување, пишува „Јутањи„.
View this post on Instagram
Некои се согласуваат дека ова е природна фаза од растењето, но други веруваат дека ова е погрешно за девојче кое има 13 години.
Џулија почна да објавува фотографии на Инстаграм пред две години, и на почетокот споделуваше само фотографии со коњи и видеа направени додека јаваше. Сепак, наскоро почна да објавува селфиња направени пред огледало, со вештачка коса и во кратки маички што го откриваат нејзиниот стомак. Поради ова, многу луѓе ја споредуваа со девојки кои се многу постари од неа.
View this post on Instagram
„Нокти, трепки, тен – има 13 години, но изгледа како да има 25“, „Кога мама ќе излезе од дома и ќе се соочите со царството на козметиката“, „Мама би ме критикувала ако имам такви трепки. Веројатно веднаш би ги тргнала“, „Изгледа како убава 30-годишна девојка која не може да се контролира со користење на руменило“, се само некои од коментарите за нејзиниот изглед.
Карла, од друга страна, се чини дека нема проблем со изгледот на нејзината ќерка, па дури и ја однесе во салон за да ѝ стави екстензии.
View this post on Instagram
Поранешниот француски претседател се соочува со сериозни обвинувања
Џулија неодамна привлече големо внимание откако луто одговори на прашањето дали нејзиниот татко е зад решетки. Коментарите се поврзани со судењето на Николас, кој се соочува со 10 години затвор по обвинение за корупција, нелегално финансирање на кампањата и проневера.
„Мојот татко никогаш не бил во затвор, секако дека има електронска нараквица, но многу наскоро ќе ја извади. И оние што му ја ставиле ќе платат. Бидејќи е лага, тоа е наместено од идиоти“, рече таа.