Фото: Profimedia

ФОТО | Ќерката на Моника Белучи ја наследи убавината на мајка ѝ: Дева Касел воодушеви со изгледот на црвен тепих!

Дева Касел, 21-годишната ќерка на Моника Белучи и Венсан Касел, заедно со нејзиниот партнер, италијанскиот актер Саул Нани (24), блесна на црвениот тепих за време на премиерата на серијата „Леопардот“ („The Leopard“), каде што и двајцата имаат улоги.

Појавата на младиот пар не остана незабележана – нивната хемија и самоуверен став го привлече вниманието на јавноста, а многумина ги споредија со славните родители на Дева во нивните помлади години.

Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Дева, која со години е присутна во светот на модата, на социјалните мрежи сподели искуства од снимањето на „Леопардот“, откривајќи дека проектот ѝ бил повеќе од актерска ангажираност.

„Пред две години поминавме шест месеци оживувајќи го ‘Леопардот’, не само како приказна, туку и како љубовно писмо до оваа земја. Овој проект ме научи многу повеќе од очекуваното – за уметноста, историјата и неверојатните луѓе. Но, среде сето тоа, запознав некого кој стана моето сидро на ова патување…“, напиша таа покрај фотографии од снимањето.

Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Иако јавноста најпрво ја запозна како ќерка на две икони на филмската индустрија, Дева Касел со сопствен чекор се пробива на големата сцена. Неодамна беше едно од заштитните лица на „Долче & Габана“ на Модната недела во Милано, а веќе неколку години успешно гради кариера во модниот свет.

Со улогата во „Леопардот“, младата Дева покажува дека покрај модните писти, и филмската сцена може да биде нејзина следна дестинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот