
ФОТО | Ќерката на Брус Вилис сподели емотивни моменти со актерот: Неговата здравствена состојба постојано се влошува
Семејството на познатиот актер Брус Вилис откри пред три години дека актерот страда од афазија и фронтотемпорална деменција, а оттогаш објавија само неколку фотографии кои јасно покажуваат дека неговата здравствена состојба постојано се влошува.
Препорачано
Талула Вилис, ќерка на познатиот актер Брус Вилис, сподели нови фотографии со својот татко, една недела откако нејзината сестра Румер објави емотивна порака на Денот на татковците во која откри дека неговата здравствена состојба дополнително се влошила.
На својот Инстаграм профил, 31-годишната Талула објави низа трогателни моменти. На една фотографија, таа седи на подот држејќи ја раката на нејзиниот татко, додека на друга, тие се прегрнуваат со насмевка на лицата. Третата фотографија го покажува свршеникот на Талула, Џастин Ејс, како топло позира покрај Брус.
View this post on Instagram
„Неделно собирање кај баба! Благодарна“, напиша таа покрај објавата, која предизвика лавина реакции и поддршка од обожавателите.
„Толку прекрасно семејство, одвнатре и однадвор!“, „Ви благодариме што ги споделивте овие моменти со нас“ и „Прекрасно е да се види неговата насмевка“, пишуваше во делот за коментари, но еден привлече посебно внимание.
Имено, еден обожавател „се заложи“ за Брус Вилис и ја обвини Талула дека ја нарушува приватноста на нејзиниот татко со овие фотографии, на што таа брзо одговори.
„Не мислам дека треба да го изложуваш твојот татко на јавноста! Тој е ранлив! И некои работи треба да останат приватни! Немаш негова дозвола да го објавиш ова!“, напиша обожавателот, додека нејзиниот одговор беше:
„Здраво. Го разбирам тоа. Како семејство, ја користиме нашата дискреција кога објавуваме. Денес беше одличен ден исполнет со насмевки. Донесов одлука да му го покажам тоа на светот, бидејќи знам што тој значи за сите.“
Нејзиниот одговор брзо собра стотици „лајкови“, па затоа е јасно дека повеќето се согласуваат со неа и мислат дека е во ред барем повремено да им се покаже на обожавателите како еден познат актер ги поминува своите денови.
Тешка дијагноза го принуди да се пензионира
Во март 2022 година, семејството Вилис објави дека Брус се повлекува од глумата поради дијагноза афазија, а подоцна беше потврдено дека има фронтотемпорална деменција. Денес, на 70-годишна возраст, Брус го поминува времето опкружен со семејството и, како што вели неговата ќерка Румер, чувствува посебна радост кога ја гледа својата внука Луета.