
ФОТО | Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит фотографирана со непознато момче и дијамантски прстен
Захара Марли Џоли-Пит (20) беше фотографирана во Западен Холивуд со непознат млад маж. Тие излегле од задната врата на еден ресторан, но биле забележани од папараците додека оделе кон својот автомобил, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Angelina Jolie and Brad Pitt’s 20-year-old daughter, Zahara, sparks engagement rumors with diamond ring on date night https://t.co/WO00tCwLWO pic.twitter.com/VxlpgZQa7C
— Page Six (@PageSix) June 10, 2025
Не е познато кој бил младиот маж со кој била, но фотографиите привлекле внимание поради дијамантскиот прстен што Захара го носи на прстот. Ова ги навело странските медиуми да заклучат дека Захара можеби е верена или мажена, иако не е познато со кого е во врска.
Захара е родена на 8 јануари 2005 година во Етиопија, а Анџелина ја посвои во јули истата година. Бред Пит подоцна официјално ја посвои, по што ѝ беше дадено презимето Џоли-Пит.
Таа моментално е студентка на колеџот Спелман, афроамерикански колеџ за либерални уметности за жени во Атланта. Започнала со студии на есен 2022 година. Захара станала и членка на женското здружение Алфа Капа Алфа во ноември 2023 година. Ќерката на Анџелина и Бред моментално е на одмор, кој ќе трае до средината на септември.
Освен Захара, Анџелина и Бред имаат уште пет деца: Медокс (23), Пакс (21), Шајло (19) и 16-годишните близнаци Нокс и Вивиен.
Бред и Анџелина се венчаа во 2014 година откако се запознаа на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година. Двојката се раздели во 2016 година, а актерката поднесе барање за развод истата година пред работите да се искомплицираат. Правните битки вклучуваа старателство над нивните шест деца и поделба на имотот, вклучувајќи ја и винаријата „Шато Миравал“ во Франција.