Фото: Instagram / missamericaco / missmadisonmarsh

ФОТО | Ќе влезе во историјата: Офицерка на воздухопловни сили се бори за титулата Мис Америка

Американката Медисон Марш (22), ќе влезе во историјата како првата активна офицерка на воздухопловни сили која се натпреварува за титулата Мис на Америка, пишува „Њујокр пост.“

„Одлично искуство е да ги комбинирам омилените делови од мојот живот и се надевам дека ќе направам разлика за другите за да можат да разберат дека не мора да се ограничуваат“, вели Медисон која победи на натпреварот во Индијанаполис.

Медисон ќе им се придружи на 49 други натпреварувачки на натпреварот на 13 и 14 јануари, околу осум месеци откако победи на изборот за Мис Колорадо.

Фото: Instagram / missamericaco / missmadisonmarsh

„Чувствував како изборот, а особено победата на Мис Колорадо, дека беше начин навистина да покажам дека другите луѓе се чувствуваат поудобно да го најдат она што им значи најмногу“, објасни Медисон.

Таа победи само неколку дена пред да дипломира на Академијата на воздухопловните сили со диплома по физика, а исто така магистрираше по јавна политика на школата Кенеди во Харвард додека тренираше за изборот за Мис Америка.

Фото: Instagram / missamericaco / missmadisonmarsh

„За мене е одлично затоа што морам да останам во физичка форма и во теретана за војската, па веќе се поклопува со тренинзите за натпреварувањето“, вели таа.

Откако го поминала своето детство посетувајќи вселенски кампови и уживајќи во часовите по летање, таа се приклучи на Академијата на воздухопловните сили во округот Ел Пасо, Колорадо за да ги направи своите соништа реалност. Но, тогаш решила да оди на натпревари како воннаставна активност.

Фото: Instagram / missamericaco / missmadisonmarsh

Медисон истакна дека ако победи на изборот за Мис Америка овој викенд, таа ќе продолжи да ја користи својата платформа за да разговара со млади девојки за служењето во војска и да ги разбие стереотипите за жените во војската.

Фото: Instagram / missamericaco / missmadisonmarsh

Иако моментално има многу опции за нејзината богата кариера, таа рече дека нејзиното патување најверојатно ќе ја одведе во истражување на ракот, кариера инспирирана од загубата на нејзината мајка од рак на панкреасот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!