Фото: Слободен печат

ФОТО: Касами се фали со реконструкција на улици, но дел од градот кој е целосно раскопан го заборавил

Дупка до дупка е сообраќајната инфраструктура во делот на Тетово кој е во границите на месната заедница „Борис Кидрич“.

Улицата „Борис Кидрич“ која е една од најфрекфрентните во Тетово каде е лоцирано Основното училиште Братство Миѓени, луна паркот кој во летниот период е едно од најпосетените места, како и голем број на трговски и угостителски објекти е целата раскопана. Наместо реконструкција општинските власти ќе закрпат по некој дупка и тука завршуваат нивните заложби за овој дел на Тетово.

Фото: Слободен печат

Тротоарите пак никогаш не се санирани, уништените коцки ставени уште во време на поранешна Југославија сведочат за запоставеноста на овој град.


Не е подобра состојбата и на споредните улици во овој дел на Тетово, а самите фотографии подолу ја доловуваат сликата.

Фото: Слободен печат

„Се наоѓаме во центарот на Тетово, како е можно вака да изгледа центарот на Тетово. Гледаме градоначалникот Касами се фали дека асфалтира улици по селата, во периферијата на Тетово, но тука како да не заборавил. Не сакам да тврдам, но сето ова ми изгледа како етнички да се прави, тука живеат повеќе Македонци, па според тоа што го работи изгледа дека не е наклонет кон Македонците“, вели една жителка на Тетово.

„Ова е ужасно што се работи во овој дел на Тетово. Наместо „Борис Кидрич“ да биде булевар види што се случува. И не само тоа, општинските власти не ги одржуваат улиците во овој дел на Тетово, тука е и многу валкано, не се мете, од тротоарите не се подига сметот, а и тревата не се коси. Жена паркот иако е единствениот парк не се одржува, а во близина на Жена паркот има слободни јавни површини кои наместо да се уредат во парковски површини тие се целосно обраснати со трева и трње, змии ќе не изедат“, вели една жителка на Тетово.

Фото: Слободен печат

Од Општина Тетово неодамна изјавија дека обезбедени се пари за реконструкција на улицата „Борис Кидрич“ која како што рекоа ќе биде по европски терк во средина со шеталиште. Деновиве градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами повторно со сега пооптимистички ветувања дека улицата „Борис Кидрич“ ќе започне да се реконсруира, најмалку за два месеци.

„За таа улица одобрени се средства. Имаше малку задоцнување, но сега тендерот за фирмата која ќе ја гради улицата треба да се објави и откако ќе се избере фирма ќе почне улицата да се гради. Ќе има ново осветлување, тротоари, шеталиште“, рече градоначалникот на Тетово Билал Касами.

Во Тетово како печурки никнуваат висококатници, во центарот на Тетово се зголемуваат бројот на жители и возила, а сообраќајната инфраструктура стои во место. Нови улици не се градат, а општината се фали само со реконструкција на улици, но не во сите делови на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот