
ФОТО | Карди Би се пожали: Ќерка ѝ си цртала на „Хермес“ чанта вредна 60.000 долари
Американската раперка Карди Би им се пожали на фановите на Инстаграм поради однесувањето на нејзината 6-годишна ќерка Калчр Киари Сефус.
Препорачано
Таа на својата приказна на Инстаграм објавила видео на кое се гледа како Култура црта на нејзината „Хермес“ чанта.
“Буквално потрошив 60.000 долари за оваа чанта. Погледнете што ѝ направи ќерка ми”, се пожалила Карди покажувајќи кон срцето нацртано на горниот дел од чантата.

Инаку, Карди Би и претходно откри дека е љубител на чантите „Хермес“. Еднаш на Инстаграм објави видео од својот плакар, на кое има цела полица со чанти од разни луксузни брендови. Таа, исто така, на својата ќерка ѝ подари чанта „Хермес“ за нејзиниот втор роденден, која се продава по цена од 9.000 долари па нагоре.
View this post on Instagram
Покрај Калчр, раперката го има и синот Вејв Сет Сефус и уште една ќерка чие име не е познато. Таа има деца со музичарот Офсет, со кого е во брак од 2017 година. Во јули 2024 година, по неколку раскинувања и помирувања, Карди Би поднесе барање за развод.
Да потсетиме, набргу откако беше објавено дека парот го чека своето прво дете, почнаа да се шират гласини за неверството на Офсет. Карди Би тогаш рекла дека раскинале, но Офсет набрзо се појавил на нејзиниот концерт на фестивалот Ролинг Лоуд, носејќи торта и две илјади бели и црвени рози, по што се помириле.
Во септември 2020 година, Карди поднесе барање за развод, велејќи дека бракот е „непоправлив“ и дека „нема шанси за помирување“. Два месеци подоцна, тие решија да ѝ дадат уште една шанса на својата љубов, а во јуни 2021 година, Карди Би откри дека е повторно бремена. Среќата траеше до декември 2023 година, кога таа потврди дека раскинале.