
ФОТО | Како лик од хорор филм: Канје Вест дошол на натпреварот на својот син со морничава маска
Американскиот рапер Канје Вест (46) продолжува со серијата бизарни модни комбинации, но оваа особено ги вознемири неговите обожаватели.
Препорачано
Имено, музичарот се појавил на кошаркарскиот натпревар на неговиот син Сент (8), носејќи морничава маска како онаа што ја носеше ликот Џејсон Ворхис од филмскиот хорор серијал „Петок тринаесетти“ („Friday the 13th“).

Вест е познат по тоа што ја претпочита црна облека, па така и овој пат избрал јакна, панталони и чевли во таа боја, искомбинирани со кожни ракавици.
„Добро, дали се запрашал како ќе се чувствува син му после ова?“, искоментираа корисниците на социјалните медиуми.

Како потсетување, Канје Вест и Ким Кардашијан почнаа да се состануваат во 2012 година, а стапија во брак во 2014 година, на бајковита свадбена церемонија во Фиренца, Италија.
За време на својот шестгодишен брак, тие станаа родители на десетгодишната Норт Вест, осумгодишниот Сент, шестгодишната Чикаго и четиригодишниот Псалм.

На почетокот од 2021 година, парот објави дека ќе се раздели, а разводот го финализираа во ноември 2022 година.
Денес Канје Вест е во брак со архитектката Бјанка Ценсори.