Profimedia

ФОТО | Како изгледа имотот Мар-а-лаго, каде што сега живее Доналд Трамп и ја слави својата победа

По првиот мандат, кога ја напушти Белата куќа, Доналд Трамп се пресели во Мар-а-Лаго со Меланија и Барон. Таа резиденција со децении се нарекува „зимска Бела куќа“ и со векови се користи за официјални посети.

Самиот Доналд Трамп пречека голем број државници токму во резиденцијата Мар-а-Лаго.

Profimedia

Оваа резиденција била изградена помеѓу 1924 и 1927 година за потребите на бизнисменката Марџори Меривердер Пост, која долги години се сметала за најбогатата жена во Америка. Кога Марџори починала, таа го оставила својот имот во наследство на Службата за национални паркови, но бидејќи трошоците за одржување на имотот биле огромни, имотот бил вратен на семејството Пост, а Доналд Трамп го купил во 1985 година.

Profimedia

Трамп и го доверил управувањето со куќата и имотот на неговата тогашна сопруга Иванка Трамп.

Оваа резиденција има 62.500 квадратни метри и има 126 соби, а имотот се простира на 17 хектари земја.

Во 1994 година, имотот беше претворен во клуб само за членовите со соби за гости, спа-центар и други хотелски удобности.

Profimedia

Семејството Трамп има приватни простории и затворен дел од теренот на овој имот. Во 2019 година, овој имот станува примарна резиденција на Трамп.

Трамп го купил имотот за 7 милиони долари во 1985 година, а многумина проценуваат дека вистинската цена на имотот во тоа време била околу 10 милиони долари. Внатрешниот мебел е проценет на 8 милиони долари.

Во 2022 година, Форбс ја процени вредноста на имотот на околу 350 милиони долари.

Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот