Фото: Инстаграм

ФОТО | Иванка Трамп испрати порака без зборови: За прв пат се огласи откако беше мета на критики на Денот на татковците

Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, се огласи на Инстаграм за прв пат откако се соочи со критики на Денот на татковците.

Иванка Трамп сподели фотографии од Њујорк, а ова е нејзина прва објава откако му го честиташе Денот на татковците на својот татко, по што се соочи со низа критики за неговите политики и најновите планови на неговата администрација.

Во својата објава Иванка напиша:

„Империјална состојба на умот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Обожавателите овој пат го пофалија нејзиниот изглед:

„Прекрасна! Црната е твојата боја“, „Најубавото девојче во најдобриот град на светот“, „Прекрасна и одвнатре и однадвор“, „Убава како и секогаш!“ …

Оваа објава доаѓа откако Иванка испрати трогателна порака за Денот на татковците, оддавајќи им почит на сите татковци во нејзиниот живот, но во исто време наиде на остри критики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Иванка сподели неколку прекрасни семејни фотографии по повод денот, вклучувајќи една на која таа и нејзиното семејство позираат со Доналд Трамп, кој седи пред нив со широка насмевка на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот