
ФОТО | Италијанско средновековно гратче со најголема елка во светот: Зимска божиќна бајка која мора барем еднаш да се доживее
Елката во италијанското средновековно ридско гратче Губио, во регионот на Умбрија, во централна Италија, и годинава привлече бројни туристи особено што токму оваа година повторно си го врати приматот на најголема елка во светот поставена на планина.
Препорачано

Нејзиниот рекорд во Гинисовата книга е одново потврден, а поставен во 1991 година.
Оваа фасцинантна елка се протега, со основа од 450 метри, на над 750 метри на падините на планината Ингино, почнувајќи од градските средновековни ѕидини па до базилика на врвот на планината.
Фигурата на огромната новогодишна елка е направена со вешто уредување на дивите падини на планината Ингино, и со помош на светлечки тела од различни видови и бои.
За време на божиќните празници Губио се трансформира во бајка. Изобилува од бројни атракции и настани за млади и стари, божиќни пазари, панорамско тркало и секако – поглед на најголемата елка во светот која е видлива од далеку.
На плоштадот Кваранта Мартири ќе ја најдете санката на Дедо Мраз влечена од неговите коњи, а достапна е за прошетка во неа низ улиците на историскиот центар…
Целиот текст, видеото и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
47мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5