
ФОТО | Исплива писмо од Вуди Ален за тајните вечери кај Џефри Епстин: Режисерот го нарекувал Дракула
Славниот режисер Вуди Ален му испратил писмо за роденден на осудениот сексуален предатор Џефри Епстин додека бил жив, во кое детално ги опишал вечерите во куќата на Епстин, чија куќа на Менхетн ја опишал како замокот на Дракула.
Препорачано
Fascinating how pedo Zio•nists like Woody Allen & Jeffrey Epstein endearingly refer to each other with literal symbols of antisemitic blood libel like Dracula in the privacy of their perv-y Shibboleth BDay letters… 👀 pic.twitter.com/XaU0OxvNW7
— ParaPower Mapping (@KlonnyPin_Gosch) August 5, 2025
„Куќата на Џефри Епстин на Менхетн беше како замокот на Дракула“, напишал познатиот режисер Вуди Ален во долгото писмо за роденденот до осудениот сексуален предатор.
Woody Allen compared late pal Jeffrey Epstein to Count Dracula in a wild letter the filmmaker wrote to the notorious pedophile for his 63rd birthday.
Full story: https://t.co/9khH8OEy7a pic.twitter.com/vEUSLwFqBq
— TMZ (@TMZ) August 6, 2025
Според документ во кое увид имал „Њујорк тајмс“, Ален (89) му го испратил писмото на Епстин во 2016 година, но тоа дури сега ја здогледало светлината на денот.
Во тоа писмо, Ален го пофалил Епстин за неговата способност да поврзува мноштво „интересни луѓе“ на неговите раскошни вечери, на кои Ален, како што истакнал, редовно присуствувал со својата сопруга Сун Ји.
Тој напишал и дека „секогаш“ ги прифаќал поканите за настаните во раскошниот дом на Епстин, седумкатна куќа од речиси 2.000 квадратни метри во срцето на Њујорк.
„Политичари, интелектуалци, магионичари, членови на кралското семејство…“
„Како соседи, мојата сопруга Сун Ји и јас бевме поканети на вечера многупати“, напишал Ален, а потоа навел кој сè се дружел со Епстин.
„Имаше широк спектар на интересни луѓе речиси секоја вечер. Политичари, научници, наставници, магионичари, комичари, интелектуалци, новинари, ентимолог, концертен пијанист.“
Потоа детално опишал како изгледале тие вечери.
„Секогаш беше интересно, а трпезата беше богата и обилна. Многу јадења, голем избор, бројни десерти, добро сервирано. Велам добро сервирано, често од професионален готвач, а уште почесто од неколку млади жени, што ме потсети на замокот на Дракула каде што Лугоши имал три млади вампирки кои го опслужувале. Додадете на тоа дека Џефри живее сам во огромна куќа, можете да го замислите како спие во влажната земја“.
Ален, исто така, го опишал и оброкот што му останал особено врежан во сеќавањето.
„Сун Ји и јас ручавме со некои многу искусни типови“, навел тој, а потоа продолжил: „Но, да се вратиме на храната“.
Според неговите зборови, кога првпат дошле нагости кај Епстин, им бил послужен скромен оброк.
„Бевме поканети на вечера, а на списокот на гости беа бројни познати личности од новинарството, од телевизијата, дури и членови на кралското семејство. Нè однесоа во дневната соба каде што сите седеа и си разговараа пред да се послужи вечерата. Не се послужуваа пијалаци. Можевте да добиете само ако побарате. Тоа требаше да биде првата индикација.“
„Вечерата беше толку скромна што мојата сопруга и оние што седеа до неа почнаа да се жалат.“
„Дали е тоа сè? Дали е ова сè што добиваме? Откако ќе си заминам, можеби ќе треба да одам во ресторан“, мрмореа тие, но ние не му рековме ништо на домаќинот. И кога дојдовме следниот пат, мојата сопруга тактично рече: ‘Ќе има повеќе храна, нели?’“, се присетил Вуди Ален, а потоа продолжил:
„Поради нејзините забелешки, ситуацијата постепено се подобруваше, следните вечери ни беа послужени купишта кинеска храна нарачана од локален ресторан, сервирана како шведска маса“.
Ален истакнал дека „сè му изгледало чудно за богат човек кој често беше домаќин на многу угледни гости“.
„Мојата сопруга продолжи да негодува, па затоа беше одлучено во иднина храната да се готви дома. Во исто време, прво ни послужија предјадење, а потоа главно јадење, поради што мојата сопруга повторно интервенираше и објасни кога што се сервира. Со текот на времето, таа го натера да стави неколку цвеќиња на средината од масата за трпезата да изгледа убаво и привлечно.“
Ален додал дека „тоа барало време и бројни корекции, но неговите оброци беа трансформирани во некакво чувство за нормална, цивилизирана вечера.“
„Големиот телефон и компјутерот од неговата десна страна навистина одземаа дел од опуштената атмосфера, но човек не може да има сè – не во замокот на Дракула“, заклучил Вуди Ален.
Неговото писмо крена многу прашина, но претставниците на режисерот за медиуми сè уште не одговориле на барањето за коментар.
🔴 Woody Allen once likened Jeffrey Epstein’s home to “Castle Dracula” with “young female vampires who service the place”
Read more 👇https://t.co/drqT1egJjZ pic.twitter.com/Ud3n4dPNYR
— The Telegraph (@Telegraph) August 5, 2025
Писма, фотографии од познати личности и копија од Лолита во вилата на Епстин, открива Њујорк тајмс
Бил и Хилари Клинтон на списокот на сведоци за случајот Епстин