
ФОТО | Инфузија и вино: Пинк го прекинa одморот поради болест и покажа како закрепнува
Американската пејачка Пинк преку својот Инстаграм профил објави дека е заразена со бактеријата ешерихија коли. Имено, Пинк сподели фотографија од својот одмор на која седи на кауч додека прима витаминска инфузија и пие вино.
Препорачано
Нејзината 14-годишна ќерка Вилоу седеше до неа, а во собата беа и пријателите на пејачката.
Во описот на фотографијата, Пинк објасни дека нејзиниот одмор бил неочекувано прекинат поради бактеријата која и го нарушила здравјето.
„Сè е нормално и сè оди многу добро. Кога одите на одмор и јадете, а ешетихија одлучи да се пресели во вашите црева, вие ја убивате дружејќи се со пријателите и семејството, црвено вино и витамински инфузии“, рече таа во објавата.
View this post on Instagram
Патем, ешерихија коли е вид на бактерија што нормално се наоѓа во дигестивниот систем на здрави луѓе и животни. Додека многу соеви се безопасни и дури помагаат при варењето, други можат да доведат до сериозни гастроинтестинални заболувања.
Пинк не сподели детали за тоа како се заразила или дали ѝ е потребен понатамошен медицински третман, но по нејзината објава може да се заклучи дека таа успешно се закрепнува.