
ФOTO: Илјадници тони смет натрупани во Тетово, градот под Шара стана депонија
Сообраќаен хаос, нервозни возачи, купишта тони смет низ тетовските улици и тротоари, мини диви депонии околу контејнерите.
Препорачано
Ваква е сликата секоја година во месеците кога се пристигнати печалбарите во Тетово.

Гужвите низ тетовските улици се создаваат поради зголемениот број на странски возила, а кога се дојдени иселениците на дневна основа се содаваат двојно поголеми количини на смет.


Ваквите проблеми се провлекуваат со години, но властите без решенија.

„Свесни сме за проблемите со гужвите низ градот, можеби и ние гастарбајтерите сме виновни оти за секоја работа излегуваме со автомобил, треба можеби да користиме и автобус, но и да одиме и пеш понекогаш. Но, за отпадов низ јавните површини што е расфрлан и депониите кои се околу контејнерите општината мора нешто да преземе. Многу смрди, не се поминува, па сметот околу кантите насекаде го разнесуваат животни, ова не личи на ништо, многу е валкано и општината мора да преземе нешто, вели еден гастарбајтер дојден од Германија на одмор во својот роден крај.


Пред еден месец градоначалникот на Тетово Билал Касами, најави дека ЈКП Тетово ќе ги зголеми своите капацитети во пресрет на доаѓањето на печалбарите кога се собираат поголеми количини на смет на дневна основа. Но, граѓаните ако сакаат почист град редовно треба да ги плаќаат комуналните сметки, и да се однесуваат поодговорно кон јавните површини, дополни тој.
„Апел да граѓаните да бидат посовесни во делот на плаќањето на обврските кон ЈКП Тетово, ако бараме чист град треба да ги плаќаме сметките, обврска со која не можеме да се пофалиме. Треба да бидеме повнимателни и со јавните површини. ЈКП Тетово стои на располагање за одреден вид отпад, ако се јават ќе дојдат да го земат отпадот, а не тој да се остава на јавните површини. Имаме план сега во летниот период да ги зголемиме нашите капацитети и гарантираме дека Тетово ќе биде чист град и ќе се сервисира редовно отпадот, посочи пред еден месец градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Тетово се уште го нема решено проблемот со претовар на комуналниот смет пред да се однесе во регионалната депонија во гостиварско Русино. Отпадот наместо во посебни контејнери или хали се претовара без никакви стандарди на земја загадувајќи ја тетовската почва, подземните води и воздухот.