Илирјана Салиу / Фото: Инстаграм/Мис Македонија

ФОТО | Илирјана Салиу е македонска претставничка на Мис Гранд Интернешнл 2025

Македонија годинава повторно има своја претставничка на еден од најголемите светски избори за убавина – Мис Гранд Интернешнл 2025, кој се одржува во Бангкок, Тајланд.

Нашата земја ја претставува Илирјана Салиу од Куманово, медицинска сестра по професија, која веќе блесна на првото појавување пред светската публика.

На отворањето на натпреварот, Илирјана се појави во впечатлива сребрена тоалета на модната куќа Елена Лука, која стои зад сите нејзини креации што ќе ги носи во текот на престојот во Тајланд. Со својот изглед и самоувереност, таа веднаш привлече внимание, а поддршката не изостана и од дома.

„Нашата убава Илирјана Салиу веќе е во Бангкок и блеска на Мис Гранд Интернешнл 2025. Ѝ посакуваме многу среќа и неверојатно патување“, објавија од официјалниот профил на Мис Македонија.

Илирјана Салиу / Фото: Инстаграм/Мис Македонија
Илирјана Салиу / Фото: Инстаграм/Мис Македонија

Мис Гранд Интернешнл е познат по тоа што оди подалеку од традиционалните избори за убавина. Под мотото „Забавувајќи го светот со убавина“, на сцената се спојуваат мода, уметност, технологија и култура, создавајќи спектакли што се следат низ целиот свет.

Оваа година, дури 77 претставнички од различни земји ќе се борат за посакуваната титула.

ФОТО+ВИДЕО | Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот 2025 во Индија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот