
ФОТО: Икер Касиљас напиша на Твитер дека е геј, сега е избришана објавата
Еден од најпознатите голмани во светот на фудбалот, Икер Касиљас на социјалната мрежа „Твитер“ објави дека е геј, што предизвика многу реакции.
Препорачано
– Се надевам дека ќе ме почитувате: Јас сум геј – стоеше во кратката објава на Касиљас.
Засега сè уште не е сигурно дали неговиот твит е автентичен или некој му го хакирал профилот, пишува „Мундо Депортиво“.
Познато е дека Касиљас во текот на својата фудбалска кариера бил во врска со неколку жени, а моментално е разведен. Касиљас беше во брак со новинарката Сара Карбонеро, а наводно имало силни несогласувања во бракот, па парот заеднички одлучил да се раздели. Првото дете, синот Мартин (7) го добија во 2014 година, а тајно се венчаа во 2016 година додека го очекуваа второто дете, синот Лукас (4).

Поддршка дојде брзо од голем број фанови, а друга легенда на шпанскиот фудбал, поранешниот дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол, одговори на објавата на Касиљас со следнава порака:
– Време е да ја раскажеме нашата приказна – се зборовите на Пујол.
Касиљас своите најголеми успеси во фудбалската кариера ги имаше со Реал Мадрид со кој петпати ја освои „Ла Лига“, а трипати Лигата на шампионите.
Наводно, со овој твит Касиљас сакал иронично да одговори на написите во жолтиот печат кој секоја недела го поврзува со друга припадничка на понежниот пол, што го налутило.