
ФОТО | Игор Џамбазов ѝ го честиташе 60-тиот роденден на сестра му Тања: „10.000 километри далеку, но поблиску од сите“
Игор Џамбазов на социјалните мрежи ѝ ја честиташе роденденската годишнина на својата сестра, која живее во Америка, со емотивна порака што ги допре срцата на неговите следбеници.
Препорачано
Тој важи за една од најхаризматичните личности на македонската сцена, човек кој со години знае да ги насмее луѓето, но и да ги допре со својата искреност и топли зборови. На социјалните мрежи тој често споделува моменти од својот живот, понекогаш полни со хумор, а понекогаш со емоција. Токму таква беше и неговата најнова објава – посветена на неговата сестра, која иако е илјадници километри далеку, останува најголемата поддршка во неговиот живот.
View this post on Instagram
„Сите имаат по некој вујко од Америка. Јас имам сестра во таа пуста Америка. Половина живот сме разделени. Таа е 10.000 километри далеку од мене, а јас сум на 6.500 милји од неа. Но секогаш тука кога треба. Сестра ко сестра. Се грижи и кога нема зошто. Откако си отидоа Анче и Ацо, таа ми е и мајка и татко, и другар и ортак, и лекар и банкар,“ напиша Џамбазов.
Во честитката тој додаде: „Среќен роденден, систер! Добредојде во клубот ‘60’. И чувај се, оти само тебе те имам!“
Ова не е првпат Џамбазов со искрени зборови да ги трогне своите следбеници – и во минатото знаел да сподели емотивни приказни поврзани со семејството и најблиските, со што уште еднаш ја потврдува својата чувствителна и човечна страна.
Објавата предизвика многубројни реакции и коментари од неговите пријатели и обожаватели, кои се придружија кон честитките.