Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Хрватската пејачка на 63 години се сонча гола на базен? Обожавателите збунети

Хрватската пејачка и авторка на бројни хитови Алка Вуица отсекогаш знаела да го сврти вниманието кон себе, како со својата работа, така и со провокациите.

Алка тоа уште еднаш го потврди со фотографија на која покажа како се опушта наутро, со која им ја поттикна фантазијата на многумина.

Алка се сончала покрај базен, а освен што се пофалила со завидна фигура, на фотографијата изгледа како да не носи костим за капење.

„Добро утро рокери, се гледаме во Пула“, порачала таа.

Алка позира покрај базен и ги впива сончевите зраци, а поради аголот на сликата изгледаше како да е гола. Дури и да имала костим за капење во боја на кожа, не се гледало…

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Инаку, Алка овој јуни наполни 63 години, а во пресрет на роденденот за хрватски „Стори“ зборуваше за стареењето.

– Многу ми пречи процесот на стареење. Пред некој ден ми донесоа неколку фотографии од младоста и не ми беше добро. Најтажно е што човек не е свесен за себе тогаш кога изгледа најдобро. Дури подоцна сфаќа колку бил згоден. Но, тогаш одлучив да си кажам себеси дека денес изгледаш најдобро што некогаш ќе изгледаш, затоа што ќе изгледаш сѐ полошо и полошо, освен ако не се изоперирам како Шер. Но, што ѝ недостига на Шер, зарем не е генијално како таа изгледа на речиси 80 години? За мене таа е феноменална. Не сакам брчки и стареење, тоа е грозно – признала Алка.

Некои од хитовите што Алка ги напиша во текот на својата плодна музичка кариера се „Где Дунав љуби небо“, „Хајде да лудујемо“, „Лепа без душе“, „Данас сам луда“ и многу други.

Се сеќавате на Алка Вуица? Жареше и палеше на југословенската сцена, па ја снема – денеска нема да ја препознаете! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот