Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас/ Фото: Cobra Team/ BACKGRID/Backgrid Uk/Profimedia

ФОТО | Холивудски гламур и италијанска романтика: Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас на прошетка во Портофино

Брачно-актерската двојка Кетрин Зета Џонс (53) и Мајкл Даглас (78) не можеле, а да не бидат забележани додека излегувале од ресторан во Портофино.

Зрачејќи со безвременска елеганција, Кетрин воодушевила во виолетов макси фустан со цветен принт кој ја истакнал нејзината вита фигура. Филмската ѕвезда додала и италијански гламур со тоа што се одлучила за црни и беж еспадрили на платформа, виолетови очила за сонце и долги обетки во боја на лаванда.

Шик стајлингот го комплетирала со црна чанта „Шанел“ и алки.

Фото: Cobra Team/ BACKGRID/Backgrid Uk/Profimedia

Двете филмски икони измешани со толпата туристи, но модерно координирани, го донеле холивудскиот гламур на улиците на едно од најомилените италијански летувалиша.

Тие биле придружувани од група пријатели додека се движеле од ресторанот до пристаништето каде што требало да се вратат со водно такси назад до нивната јахта.

Фото: Cobra Team/BACKGRID/ Backgrid Uk/ Profimedia

Мајкл  ѝ парирал на својата сопруга удобно облечен во темносина кошула, бели панталони и црни мокасини. Неговиот минималистички морнарски стил, веруваме, ќе биде нешто што многу мажи ќе сакаат да го копираат ова лето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот