Фото: Инстаграм/Хана Хуљиќ

ФОТО | Хана Хуљиќ објави ретка фотографија со ќерка ѝ: Малечката Алба имаше симпатичен костим за 1 Април

Хрватската музичaрка Хана Хуљиќ Грашо објави ретка фотографија од ќерка ѝ Алба на социјалните мрежи, направена во училиште за странски јазици во Сплит. Покрај Алба, на сликата се гледаат и неколку други девојчиња, сите облечени во идентични костими – со волшебни крилца и магични стапчиња.

Малата Алба ова лето ќе наполни три години. Освен неа, Хана и нејзиниот сопруг, пејачот Петар Грашо, имаат и син Тони, кој неодамна го крстија.

Фото: Инстаграм/Хана Хуљиќ

Хуљиќ неодамна присуствуваше на концерт на нејзиниот сопруг во Белград, а со себе го поведе и малиот Тони.

„Хана вечерва беше на концертот, а со нас беше и нашиот четиримесечен син Тони. Ова е неговото прво патување, додека ќерката, која има две години, веќе е искусен патник. Сите заедно уживаме, а утре не чека прошетка низ Белград. Сопругата ми рече дека концертот бил одличен“, изјави Грашо за српски „Блиц“.

Да потсетиме, Хуљиќ и Грашо ја добија Алба во јули 2022 година. Двојката се венча во февруари истата година во црквата „Св. Доминик“ во Сплит, на интимна церемонија во кругот на најблиските пријатели и семејството. Кон крајот на октомври 2023 година, го добија своето второ дете, синот Тони, кој го доби името по дедото на Петар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот