Фото: Методи Здравев / Слободен печат

ФОТО: Граѓани повторно протестираа во Аеродром, бараат да се реши проблемот со „Вардариште“

Неколку десетици граѓани и денеска, трет ден по ред, ја блокираа крстосницата од булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ во скопската населба Аеродром, барајќи решение за постојаното загадување од дивата депонија „Вардариште“, во чија непосредна близина живеат.

Фото: Методи Здравев / Слободен печат

Депонијата летово повеќепати гореше, а жителите на околните блокови немаа струја со часови поради пожарите. Граѓаните велат дека голем број од нивните деца се со астма и други респираторни проблеми како последица од постојаното загадување. Бараат надлежните веднаш да преземат мерки и овој проблем да се реши.

Фото: Методи Здравев / Слободен печат
Фото: Методи Здравев / Слободен печат
Фото: Методи Здравев / Слободен печат
Фото: Методи Здравев / Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот